Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот


nino-vasev-i-nehat-nuhi-onkologija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи мерка притвор во траење од 30 дена.


Од судот информираа мерката куќен притвор за Васев и Нухи е укината поради постоење основано сомневање за злоупотреба на службената положба, измама во службата и проневера во службата.

Одлуките со образложените причини, ќе бидат објавени во целост на веб страната на Судот.

Во случајот со Онкологија поднесени се две обвиненија. Едното е за економското работење на клиниката, а второто со кое се гонат и лекари онколози од клиниката, се однесува за третманот на пациентите. На 29 пациенти им било давано несоодветна терапија, додека пак на 16 им се давало терапија која воопшто не им била потребна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK