16 јуни: Фолклорен концерт на првата група и ветерани од „Бојмија“


postovi-juni-16.6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ансамблот за традиционални игри и песни „Бојмија“ ќе го одржи својот трет и последен од серијата концерти за одбележување на успешната сезона, на 16 јуни 2025 (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија. На концертот ќе настапат првиот состав на Ансамблот- возрасната група, како и членовите од ветеранската група, кои со својата посветеност и љубов кон традицијата ја одржуваат живата меморија на фолклорот во Гевгелија.

Концертот се одржува во рамки на програмата „Гевгелија град на култура за 2025“, како дел од посветеноста на Општината во соработка со културните работници за унапредување и поддршка на локалната сцена.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK