Ким Џонг-ун се сретна со човек на Путин, вети безусловна поддршка за Русија


kim-jong-un.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу во вторникот, објави државната агенција КЦНА.


Според Ројтерс, Ким ветил безусловна поддршка за ставот на Русија за Украина и други меѓународни прашања, според извештајот објавен денес.

„Ким Џонг Ун потврди дека владата на Демократска Народна Република Кореја ќе продолжи безусловно да ја поддржува ставот и надворешната политика на Русија“, се вели во извештајот, користејќи го официјалното име на Северна Кореја.

Ким наводно рекол дека Северна Кореја одговорно ќе ги почитува условите од договорот меѓу двете земји.

Двајцата претставници разговарале и за зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство и меѓусебната соработка во различни области.

Договорот беше потпишан за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг минатата година и неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким, и вклучува договор за меѓусебна одбрана што предвидува итна воена помош доколку која било страна биде подложена на вооружена агресија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK