Во стан во Центар во кој живееле турски државјани пронајдена автоматска пушка


1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автоматска пушка и муниција се пронајдени во стан во Центар во кој престојувале турски државјани.


Според информациите на МВР, вчера околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK