(Видео) Русите со камења кон украинските дронови: снимките вирални на социјалните мрежи


Screenshot-2025-06-03-112328.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Видео од Руси кои се обидуваат да спречат украински дронови да полетаат од камион во регионот Иркутск со камења стана вирално на социјалните мрежи, по што се огласија и руски претставници.


Наталија Никонорова, членка на Комитетот за надворешни работи на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, рече дека тие треба да бидат наградени.

– Несомнено, ваквите храбри и смели акции се достојни за награда. Донбас добро знае дека не сите херои носат наметки. Честопати обичните луѓе ги спасуваат другите за време на гранатирањето, доставуваат хуманитарна помош во областите под оган и им помагаат на повредените – рече Никонорова.

Медиумите потсетуваат дека украинската служба за безбедност (СБУ) започна напад врз четири воени аеродроми во Русија во неделата. Најоддалечената цел беше базата Белаја во регионот Иркутск, на околу 4.500 километри од украинската граница.

СБУ тврди дека 41 руски авион, вклучувајќи стратешки бомбардери и извидувачки авиони, биле погодени за време на нападот, иако не е јасно колку од нив биле целосно онеспособени, според написите на светските агенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK