Поранешниот шампион удри по Ферстапен: Требаше да биде дисквалификуван


13095671.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нико Розберг го осуди инцидентот што го предизвика Макс Ферстапен со Џорџ Расел во финишот на трката за Големата награда на Шпанија. Поранешниот светски првак смета дека казната е блага и дека Холанѓанецот заслужил дисквалификација.


Последните кругови од Големата награда на Шпанија донесоа голем инцидент помеѓу Макс Ферстапен и Џорџ Расел, што предизвика бројни реакции во светот на Ф1.

Еден од најгласните беше поранешниот шампион Нико Розберг, кој остро го осуди однесувањето на Холанѓанецот.

Розберг смета дека Ферстапен требало да биде дисквалификуван, а не само казнет со десет секунди.

„Ужасно е. За потегот мораше да му биде покажано црно знаме, нема друго решение“, рече Розберг во емисија на „Скај Спортс“.

Според него, Ферстапен првично бил во право, но Ред Бул го принудил да направи потег што довел до хаос.

За потсетување, по рестартот на трката, на шест круга пред крајот, Ферстапен излета од патеката во првата кривина, ја загуби посцијата од Леклер, но ја пресече потоа шиканата и излезе пред Расел.

Поради ова, тој доби наредба од боксот да го пропушти возачот на Мерцедес, што го изнервира.

Ферстапен забави во петтата кривина за да ја врати позицијата, но потоа одеднаш забрза и се случи контакт.

Во 11-та кривина, конечно го пропушти Расел, но ФИА сепак одлучи дека тој е виновен и му додели казна од десет секунди.

Казната го спушти од петтото на десеттото место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK