Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под министерството за правда, заостанатите плати ќе се исплатат


502587442_1304192314396025_534675101316547005_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити денеска остварија средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, и дел од вработените, со цел изнаоѓање решение за исплата на платите кои им доцнат веќе пет месеци.


Договорено е Инспекторатот за употреба на јазиците да премине под надлежност на Министерството за правда.

„Денеска заедно со Изет Меџити реализиравме средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од вработените, со цел Владата да изнајде решение за исплата на заостанатите плати на вработените во горенаведениот Инспекторат кои веќе 5 месеци не земале плата. Како резултат на конструктивниот дијалог и посветеноста на Владата да обезбеди институционална функционалност и правична исплата, Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда. И по усогласувањето на законот за Инспекторат за употреба на јазици со Законот за организација и работа на органите на државната управа што веќе еден месец се наоѓа во собраниска процедура ќе им се овозможи на вработените да земаат плата. Бидејќи ова е прашање поврзано со Бадентер, очекуваме сите политички партии во Собранието да постапат рационално и конструктивно, без блокади и без обиди за политичка злоупотреба на ова прашање, кое директно ја засега егзистенцијата на семејствата на вработените во Инспекторатот. Понатаму ќе се состави работна група и ќе се направи конечна реорганизација на инспекторат со неговите надлежности“, стои во ФБ објавата на премиерот Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK