ОН: Израел насилно ги изгладнува луѓето во Газа, тоа е воен злостор


1748598934-13091177-750x500.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Том Флечер, изјави дека Израел насилно ги изгладнува луѓето во Газа. Флечер за Би-Би-Си изјави дека верува оти ова довело до промена во меѓународната реакција на војната во Газа.


Тој одговори потврдно на прашањето дали гладувањето се квалификува како воен злостор.

„Тоа е класифицирано како воен злостор. Очигледно е дека ова се прашања за кои судовите треба да одлучуваат, а на крајот и историја“, рече тој.

Тој, исто така, изрази жалење за неодамнешната изјава дека 14.000 бебиња би можеле да умрат во рок од 48 часа во Газа ако не се дозволи влез на помош, која ОН подоцна ја повлече, велејќи дека таквите изјави мора да бидат претпазливи, пренесуваат светските медиуми.

Минатата недела, Израел дозволи дел од хуманитарната помош да влезе во Газа, по притисок од меѓународната заедница и три месеци по целосна блокада, што предизвика криза со снабдувањето со храна, лекови и гориво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK