Нападнал и силувал жена: притвор за насилник од Гостивар


policija-zena-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска (30.05.2025) Основниот суд Гостивар му одреди мерка притвор на А.С.(53) од Гостивар.


Тој на 29.05.2025 околу 02 часот во нејзиниот стан во Гостивар со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга.

38-годишната жена го пријавила случајот во полициска станица во Гостивар и на Фејсбук страната на МВР, по што околу 19.45 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С..

Тој, соопшти полицијата е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK