„Нож и виљушка на европска чинија“ на 30 мај во Паркот на Франкофонијата


opstina-centar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека во петок, 30 мај, во Паркот на Франкофонијата со почеток од 18.00 часот ќе се одржи културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“. Тој потенцира дека и годинава ќе се промовира културната разноликост преку претставување на традиционални македонски и европски гастрономски производи.


„Ги поканувам сите граѓани да ни се придружат на настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија’ и заеднички да уживаме во вкусовите на македонската и европската традиција. Преку храната ги славиме традициите, се запознаваме меѓу себе и градиме почит меѓу различни култури. Центар е и ќе остане општина на вредности и различности. Ветуваме одлична забава, вкусна храна и добра музика“, вели Герасимовски.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на традиционални македонски и европски јадења, да се релаксираат и да се забавуваат со диџеј Зоки Бејбе и Наде Талеска бенд.

Настанот е во организација на Општина Центар и е отворен за сите граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK