Меџити убеден дека информатичарот Азир Алиу ќе се снајде и во Здравство: Министерот треба да биде добар менаџер, Алиу е најдобар предлог   


Aliu-i-Medziti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко општество, Азир Алиу, ќе се снајде и во ресорот Здравство. Меџити синоќа рече дека Алиу е предлогот на „Вреди“ за нов министер за здравство откога тој од Алијансата за Албанците премина во „Вреди“.


„Министерот треба да биде добар менаџер кој го познава системот и кој што може да придонесе за подобро управување на тој ресор. Имало примери и во минатото и сега. Азир Алиу мислам дека е добар и најдобар предлог за таа позиција“, рече денес министерот Меџити.

Алиу беше министер за информатичко општество и администрација од февруари 2023 до февруари 2024 година како кадар на Алијанса за Албанците. Тој ќе биде предложен да го замени неговиот довчерашен лидер, Арбен Таравари, кој ја напушти и „Вреди“ и Владата во пресрет на локалните избори.
Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега кажа дека ресорот Здравство останува во „Вреди“ и по излегувањето на Таравари и од партиската и од владината коалиција, но нагласи дека го задржува правото како премиер  да каже „не“ за предлогот доколку оцени дека се работи за личност со која не може да соработува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK