Фицо: Изјавата на Мерц е крај на демократијата во Европа


677z381_13030361-robert-fico.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја осуди денес изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија ќе разгледа предлог во Брисел за намалување на средствата од ЕУ за Словачка, доколку таа продолжи да отстапува од заедничката насока на Унијата.


– Ако некој сака да ја промовира политиката на едно обврзувачко мислење, тоа значи крај на демократијата во Европа. Никој овде не може да ни се заканува, велејќи дека ако не послушаме, ќе ни стават ред – рече Фицо за време на неговата посета на Ерменија.

Според него, позициите на Словачка не се темелат на „суета“ или „тесноградост“, туку на фактот дека оваа земја има свои национални интереси, пренесува TASR.

Фицо рече дека не гледа ништо во практичните политики на Словачка што некој би можел да го нарече кршење на владеењето на правото и ја повтори својата критика за прекинот на транзитот на гас низ Украина, велејќи дека би било грешка да се запре увозот на нуклеарно гориво од Русија.

Мерц рече дека, доколку не се променат сегашните ставови на земјите, ЕУ нема да избегне конфликт со Унгарија и Словачка.

– Не можеме да дозволиме донесувањето одлуки на целата ЕУ да зависи од малцинството. И тука сигурно би можело да има појасни зборови, а можеби и поостри конфликти – вели Мерц.

Тој посочи дека обете земји имаат право на вето, што им овозможува да ги блокираат или барем да ги ослабнат планираните санкции на Унијата против Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK