(Видео) Костовски: На адресата на фирмата што доби тендер од МВР нема ниту табла, ни вработени


policaec.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР, рече Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.


„Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот. И што најдовме тука? Апсолутно ништо! Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата. Како е регистрирана оваа фирма? Дали фирмата има фиктивно седиште? Тошковски е фатен жив во голем скандал и мора да одговори. Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи? Ова не е обичен тендерски скандал. Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта“, рече Костовски.

СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и понуштување на тендерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK