Итна акција на општина Битола за справување со проблемите на улицата „Бурса“


bitola_2442432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Битола презеде итни активности за справување со проблемите на улицата „Бурса“, каде што неодамна беа забележани оштетувања на новоизградениот асфалт. Во соработка со Единицата за имплементација на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски и Светска банка, започнати се детални лабораториски анализи за утврдување на причините за дефектите.

Градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети локацијата, истакна дека приоритет на општината е пронаоѓање трајно и квалитетно решение, со цел во иднина да се избегнат слични ситуации и на други улици.


„Граѓаните не заслужуваат само објаснувања, туку конкретни резултати. Иако Општина Битола не е директен финансиер на проектот, како краен корисник имаме одговорност да обезбедиме квалитетна изведба без дополнителен товар врз буџетот,“ изјави Коњановски.

Тој додаде дека анализите ќе покажат дали поставениот асфалт ги исполнува потребните критериуми, особено поради фактот што улицата треба да издржи сообраќај од тешки товарни возила.

„Нашата цел е изградба на трајна и сигурна инфраструктура. Од секоја слабост мора да извлечеме поука и да поставиме повисоки стандарди за идните проекти,“ порача градоначалникот, кој најави дека ќе продолжи со активно следење на теренските активности.

Со ваквиот пристап, Општина Битола потврдува дека транспарентноста, одговорноста и квалитетната реализација остануваат темелни принципи во спроведувањето на капиталните проекти.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK