(Видео) Костовски: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти


Martin-K-SDSM-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти, бара Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.


„Во кратко интервју за британската телевизија Скај Њуз, кое беше објавено од медиумите, премиерот Мицкоски избегна да одговори на директно прашање: Дали дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство вклучува и можност Македонија да прифаќа мигранти? Токму ова прашање го поставивме пред неколку дена. И Владата – молчи“, рече тој.

Според него, сега, кога веќе и британски медиуми и политичари зборуваат за „широка соработка“ во делот на миграцијата, молкот станува аларм.

„Затоа денес, јавно, пред граѓаните, ја прашуваме Владата: Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за смествање на мигранти? Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина? Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман? Македонските граѓани имаат право да знаат, и ги заслужуваат одговорите. Заслужуваат транспарентност“, рече Костовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK