На денешната седница на Советот на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојаноски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како партија, но и како советничка група секогаш ги поддржува зголемувањата на платите во јавниот сектор.
„Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и како партија ВМРО-ДПМНЕ секогаш сме ги поддржувале зголемувањата на платите во јавниот сектор и во градот Скопје. Затоа, барам од сите колеги советници кои се присутни во салата да го поддржиме ребалансот на буџетот со тоа што би ги зголемиле платите на вработените во градот Скопје и на противпожарната бригада во градот Скопје“, посочи Стојановски.
Тој потенцираше дека и во минатото поднесувале иницијативи за зголемување на платите во администрацијата и противпожарната бригада.
„Покрај тоа што поднесувавме и во минатото иницијативи за зголемување на платите во администрацијата и противпожарната бригада уште еднаш потврдувам и барам сите колеги советници да гласаме за зголемување на платите во противпожарната бригада и во градот Скопје“, заклучи Стојановски.