Анима Мунди: Свирепо мачење штрк во Гевгелија, бараме итна реакција од надлежните институции


Screenshot-2025-05-21-113619.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Анима Мунди извести за случај на страшно малтретирање и повредување штрк од страна на група деца.


„Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видео-снимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди.

Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата кои извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и игноранција, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција“, велат од Анима Мунди.

Од таму бараат итна реакција од надлежните институции.

„Детална истрага и одговорност од родителите и/или старателите; Психолошка проценка и работа со децата кои учествувале во чинот; Активирање на сите законските механизми за заштита на животните; Јавна осуда на настанот од образовните институции и локалната самоуправа.

Нема оправдување за насилство, ниту пак изговор за молк. Секоја форма на насилство мора да се превенира, осуди и санкционира.
Затоа што оној кој денес малтретира животно – утре ќе повреди човек“, додаваат од Анима Мунди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK