Уапсен струмичанец: пронајдена дрога при претрес во неговиот дом


marihuana-zaplena-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 21.35 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Р.(53) од Струмица.


При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени марихуана и семки од растението канабис.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Полицијата соопшти дека по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK