Реџеп Исмаил: Енвер Хоџа, Британија и Македонците


redzep ismail
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЕНВЕР ХОЏА, БРИТАНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Граѓанската војна во Грција е еден од првите воени конфликти што се случиле во периодот по завршувањето на Втората светска војна, и траела од 1946 до 1949 година.

Во оваа војна, на една страна се грчките монархо-фашисти, поддржани од Британија и САД, а на другата комунистите од ДАГ, на чија страна било речиси целото македонско население од Егејска Македонија.
На почетокот од војната, фашистите губат. Особено ги губат позициите кога масовно во редовите на ДАГ се приклучуваат Македонците. Тогаш, Британија интервенира со својата воздухопловна сила, која со напалм бомби ги бомбардира сите села околу планините Грамос и Вичо — села во кои живее огромно мнозинство Македонци.


Селата се бомбардирани брутално, без ни најмало почитување на меѓународното право. Британските авиони намерно палат куќи, имот и посеви, со јасна цел — да се уништи сè што е македонско во Егејска Македонија. Повеќето жртви не се војници, туку деца, жени и стари лица.

На крајот, за жал, победуваат фашистите. Македонците, со поддршка од албанската армија, по наредба на Енвер Хоџа, масовно се извлекуваат во Албанија. Таму преживеаните добиваат неопходна нега, лекување и сè што им е потребно за закрепнување. Потоа, преку дипломатска иницијатива на СССР, мнозинството Македонци се пренесени во Советскиот Сојуз. Дел од нив подоцна се враќаат во Македонија, како дел од југословенската федерација, но никогаш повеќе во своите домови во Егејска Македонија.

Додека во Егејска Македонија за време на граѓанската војна се случува масовен погром и етничко чистење на македонското население, Европа си гледа сеир и затвара очи. Класична британска “инвестиција во цивилизирање” на други народи.
#СтратешкиДушмани

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK