­

ИСОС ја организира втора регионална конференција на професионалните сметководители посветена на новата ера во професијата


KV_IPSOS_2025
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители, на 3 април 2025 година во Скопје, ќе се одржи втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“.

На конференцијата се очекува да земат учество околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, како и претставници од релевантни домашни и меѓународни институции, организации, од академската заедница и деловниот сектор.


Главната цел на конференцијата е отворање на дијалог за иднината на сметководствената професија, преку адресирање на предизвиците поврзани со усогласување со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), воведувањето на ЕSG принципите во финансиското известување, како и интеграцијата на новите технологии – особено вештачката интелигенција и анализата на големи податоци – во секојдневната работа на сметководителите.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат панел-дискусии и презентации на добри практики, на кои учество ќе земат претставници од Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Организацијата на даночни советници на Европа, Македонската банкарска асоцијација, Македонската берза, како и домашни практичари и млади професионалци. Програмата на конференцијата вклучува и дискусија со новата генерација сметководители – идни лидери во професијата, на која ќе учествуваат студенти од катедрата за сметководство и ревизија на Економскиот факултет при УКИМ.

Конференцијата ќе ја отвори претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

KV_IPSOS_2025

Со оваа конференција ИСОС продолжува да ја зацврстува својата улога како клучен фактор во професионалниот развој на сметководителите и унапредувањето на стандардите и квалитетот на сметководствените услуги во нашата земја.

Агендата на конференцијата е достапна на веб-страницата на ИСОС – www.isos.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK