­

ЕВН Македонија доби три награди за е-трговија


IMG_8693
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

13.03.2025, Скопје: ЕВН Македонија на овогодинешното доделување на награди за е-трговија освои три награди за корисничкиот портал ЕВН онлајн. ЕВН го освои првото место во категоријата „Најдобра веб страна за плаќање на сметки“, второ место во категоријата „Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање“, како и трета награда во категоријата „Најдобра е-продавница за е-услуги“. Наградите беа доделени на синоќешната свечена церемонија, а се однесуваат на 2024 година. Манифестацијата е во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – Macedonian e-Commerce Association.

ЕВН во континуитет работи на надградување на дигиталните услуги за корисниците кои беа воведени во 2012 година. Интересот за услугите е голем и бележи постојан раст.


 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK