Роберт Фицо: Словачка нема да ги блокира одлуките на самитот на ЕУ доколку продолжи транзитот на гас преку Украина


18.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека земјата нема да ги блокира конечните одлуки од самитот на ЕУ доколку дискусијата вклучи барање за решавање на обновувањето на транзитот на гас преку Украина.


„Мислам дека е разумно да се спомене потребата да се најде решение за обновување на транзитот на гас со учество на Европската комисија, Украина и Словачка. Доколку конечните одлуки вклучуваат таква формулација, немаме причина да не ги поддржиме“, рече Фицо на седницата на Комитетот за европски прашања, пред да отпатува на самитот на ЕУ во Брисел, пренесе ТАСР.

Премиерот, исто така, призна дека некои членки на ЕУ можеби се против барањата на Словачка.

Toj истакна дека има земји кои „отворено сакаат војната да продолжи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK