Почина мотоциклистот на пат кон болница во тешка сообраќајна несреќа кај комплексот „Негорски Бањи“


Почина-54-годишен-маж-од-Струшко-возилото-во-кое-се-превезувал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од  с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од с.Негорци, гевгелиско.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница, починал во возило на Итната медицинска помош.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.    

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK