Николоски: Нова линија Амстердам-Скопје


Превезени-над-3-милиони-патници-на-двата-македонски-аеродроми.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт, Александара Николоски.


„После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам. Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам“, вели тој.

Ова, според него, е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот.

„За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните”, напиша Николоски на својот фејсбук профил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK