Град Скопје: Се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до мостот Обединети Нации


download-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на акцијата за зазеленување со нови дрвја и садници низ градот Скопје, ќе бидат засадени 1.000 нови висококвалитетни дрвја, над 50.000 нови садници и декоративно зеленило.


Како дел од акцијата продолжува и третата фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило.

Во третата фаза се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до мостот Обединети Нации, при што со реализација на овој проект се формира нов зелен појас со нова хидрантска мрежа на површина од 25.000 метри квадратни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK