Додик осуден на една година затвор


Dodik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење службена или политичка функција.


Станува збор за првостепена пресуда, која засега не е правосилна, а таква ќе стане откако и одбраната и обвинителството ќе поднесат жалби и конечната одлука ќе ја донесе второстепениот совет на Судот на БиХ. Второстепената пресуда треба да биде изречена до крајот на оваа година.

Ако правосилната пресуда е иста како првостепената, тоа значи дека Додик нема да може да извршува никаква официјална или политичка функција во наредните шест години.

Кога станува збор за директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ, тој беше ослободен од сите обвиненија.

Во 2023 година, Националното собрание на РС усвои закон според кој одлуките на високиот претставник во БиХ, нема да се објавуваат во Службениот весник на РС, ниту ќе се спроведуваат во тој ентитет. Набргу потоа, високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит го поништи законот, но Милорад Додик потпиша указ за прогласување на законот.

Во меѓувреме, високиот претставник го измени и Кривичниот законик на БиХ, со што неуспехот во спроведувањето на одлуките на високиот претставник стана кривично дело. Обвинителството поднесе обвинение против Додик и директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK