Макрон ги извести членките на ЕУ за разговорот со Трамп


tramp-makron-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фрнцускиот претседател Емануел Макрон ги информираше другите лидери на земјите-членки на ЕУ за неговата посета на Вашингтон како дел од подготовките за вонредниот самит следната недела.


„Многу успешна подготовка за вонредниот самит на 6 март, на кој ќе одлучиме за поддршка на Украина и зајакнување на европската одбрана“, најави претседателот на Европскиот совет Антонио Коста по видео-конференцијата на која присуствуваа лидерите на сите 27 земји-членки и претседателот на Европската комисија.

Коста свика вонреден самит за следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и европската безбедност.

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше три часа со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот во Вашингтон.

По средбата, тој изјави дека постигнувањето мир во Украина не смее да значи „предавање“ на Киев и инсистираше на потребата од „безбедносни гаранции“ за да се избегне Русија да продолжи со нападот.

И покрај големите разлики во мислењата со домаќинот на американскиот претседател Доналд Трамп, Макрон рече дека е „убеден дека постои пат“ да се стави крај на војната во Украина.

Британскиот премиер Кир Стармер во четврток во Вашингтон ќе се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп.

Потоа, Стармер ќе ги собере лидерите на неколку земји-членки на ЕУ во Лондон и ќе ги извести за разговорот со Трамп.

Европската унија и Обединетото Кралство, кои ја напуштија ЕУ пред пет години, работат на заеднички план за одбрана на континентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK