Првиот победник во Тетекс Лигата на шампиони за најбрзо јадење на ќебапи, Андреј Постоловски на вчерашното месечно финале освои парична награда од 500 евра. Постоловски за 5 минути и 25 секунди успеа да изеде 30 ќебапи.
По повод 55 години постоење, Тетекс секоја недела организира натпревари во најбрзо јадење на ќебапи. Натпреварувачите од неделните натпреварувања треба што е можно побрзо да изедат 30 ќебапи. Четворицата победници од неделните натпреварувања се пласираат во месечното финале каде се борат за награда од 500 евра.
Првото месечно финале се одржа во првоотворениот локал на Тетекс во Старата скопска чаршија. Натпреварувачите донесоа и своја публика која навиваше за нив. Публиката исто така уживаше во вкусните ќебапи и бургери на Тетекс што беа подготвени специјално за нив.
Тетекс ги изненади и останатите тројца натпреварувачи од месечното финале и им додели ваучери со кои добија 1000 денари буџет кој може да го искористат во рестораните на Тетекс, 50% попуст на ставката технички преглед и 2000 денари гориво на бензинските Петрол Оил и гратис пакување од осум Марфи макаронс.
Месечните финалисти кои освоиле по 500 евра, во завршното финале ќе имаат поголем предизвик каде ќе треба да изедат 55 ќебапи. Оној кој ќе успее најбрзо да ги изеде 55-те ќебапи ќе добие егзотично патување за двајца. Второнаградениот ќе добие седум дена летување во Саранда, Албанија во апартманите „Аква-блу“, а трето наградениот ќе добие Ајфон 16. Секој од нив ќе добие и ваучер од Тетекс во вредност од 55 илјади денари коj ќе може да го користи во нивните ресторани.
Лигата на шампиони е отворена за сите оние кои сакаат да учествуваат, да се забавуваат и кои поддржуваат хуманитарни активности. Пријавата во лигата чини симболични 300 денари кои на крајот на секој месец се донираат во ЈУ Детски Дом „11 октомври“.



