­

Нетанјаху: Хамас ќе ја плати цената за враќање на телото што не и припаѓа на израелската заробеничка


netanjahu1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Хамас за кршење на договорот за прекин на огнот во Газа.


Тој вели дека групата ќе ја плати цената за враќањето на телото што не и припаѓа на заробеничката Шира Бибас, пренесува Ал Џезира.

Тој тврди дека ДНК тестот покажува дека телото не му припаѓа на ниту еден од другите заложници.

Меѓу четворицата ослободени од Газа вчера беа идентификувани посмртните останки на двата сина на Шири Бибас.

Газа вели дека нејзините останки биле измешани со останки на други луѓе по израелскиот воздушен напад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK