Јужна Кореја подготвена да обезбеди заштита за севернокорејските војници заробени во Украина


vojnik-severna-koreja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јужна Кореја е подготвена да обезбеди заштита и поддршка на севернокорејските војници заробени во Украина, доколку побараат да бидат прифатени во Јужна Кореја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Сеул, по медиумските извештаи дека севернокорејски војник заробен од украинските сили изразил намера да пребегне во таа земја.


„Севернокорејските војници се уставно признати како наши граѓани и почитувањето на нивната слободна волја во однос на репатријацијата е во согласност со меѓународното право и вообичаената практика“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Јонхап“.

Во соопштението се додава дека „затоа, Владата ќе ја обезбеди потребната заштита и поддршка во согласност со основниот принцип за прифаќање на сите поединци кои сакаат да дојдат во Јужна Кореја“.

Јужна Кореја ѝ го пренесе овој став на Украина и ќе продолжи да се ангажира во неопходните консултации со Киев, се наведува во соопштението.

Министерството исто така изјави дека поединците не треба да бидат принудени да се вратат на места каде што може да се соочат со прогон.

Претходно денеска беше објавено дека еден од двајцата севернокорејски војници заробени во Украина изразил желба да замине во Јужна Кореја, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK