Раст и Холденер за дупла победа на Швајцарија во слалом


12823638.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Швајцарија ја продолжи доминацијата на Светското првенство во Залбах, Австрија. Репрезентативките на од оваа земја ги освоија првите две места во трката, во слалом.


Златото и припадна на брилијантната Камила Раст, која убедливо стигна до тронот. Беше најбрза во првото возење, четврта во второто, што беше доволно за да го постигне најголемиот успех во кариерата со време од 1:58.00 минути.

За Швајцарија ова беше првото светско злато во слалом во женска конкуренција по 34 години, кога легендарната Верни Шнајдер стана светска шампионка во 1991 година.

Нејзината сонародничка Венди Холденер ја заврши трката на второто место, со заостанување од 46 стотинки зад победничката.

Катарина Линдсбергер, претставничката на Австрија, се искачи на најниското скалило на подиумот. Таа имаше послаб резултат од победничката од една секунда и 32 стотинки.

Светското првенство завршува со машката трка во слалом во недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK