ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување


Изгласан-Законот-за-Националната-развојна-стратегија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци има добиено 30.000 денари по сите основи гориво, патарини и амортизација што претставува помалку од направените реални трошоци од и до Собранието, изјави на прес-конференција пратеничката од ЗНАМ, Даниела Белимова.


Партијата не го поддржа предлогот на политичката партија Левица, трошиците да се пресметуваат спрема пазарната цена на 6,5 литри на секои изминати 100 километри, што би претставувало драстично намалување.

„Нашиот став за овој предлог закон на Левица останува принципиелен. Ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање театар на секоја тема. Подготвени сме за конструктивен процес на разговори за сите прашања, со сите пратенички групи за да се дојде до заедничко решение. Само низ дијалог може да се работи за доброто на граѓаните“, рече Белимова.

Како што додаде ЗНАМ не се изјаснува за нешто што веќе го практикува.

„Ниту овој закон, ниту друг предлог што ќе дојде од Левица нема да го разгледува и коментира од единствена причина дека нивната цел е сопствена промоција, а не нудење на решенија“, беше посочено.

Предлогот на партијата Левица не ја доби поддршката од владејачкото мнозинство на денешната седница. По тој повод, Димитар Апасиев по гласањето порача: „Честито нови милиони евра, колеги патриоти, со здравје да си ги трошите“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK