Мртви се осум од заложниците кои требаа да бидат ослободени во првата фаза


zaloznici-gaza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осумте заложници кои требаше да бидат ослободени во првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа се мртви, изјави денеска портпаролот на израелската војска Дејвид Менцер.


„Семејствата се информирани за состојбата со нивните најблиски“, рече функционерот на прес-конференција.

Според договорот за прекин на огнот, во првата фаза од шест недели, почнувајќи од 19 јануари кога престанаа борбите, 33 заложници држени од Хамас во Појасот Газа треба да бидат ослободени во замена за повеќе од 1.900 палестински затвореници кои ги држеше Израел.

Седум заложници веќе се вратија дома. Тие беа ослободени на 19 и 25 јануари. Менцер не ги соопшти имињата на загинатите заложници. Израел синоќа објави дека го има долго бараниот список од Хамас за статусот на сите заложници, живи или мртви.

„Таа листа се совпаѓа со израелското разузнавање“, рече Менцер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK