(Видео) Новинари извикуваа до Блинкен: „Местото ти е во Хаг“, обезбедувањето ги отстрани


95fca8e2-15cd-4897-a6bc-8c53755b799b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар во заминување Ентони Блинкен денеска ја бранеше политиката на администрацијата на Бајден кон израелската војна против Хамас, откако беше постигнат договор за прекин на огнот во Газа.


На последната прес-конференција во Стејт департментот тој се соочи со протести кои накратко го прекинаа.

Блинкен рече дека очекува договорот, објавен вчера од претседателот Џо Бајден и Катар, да биде имплементиран во текот на викендот. Тој го нарече моментот „историска можност за регионот и пошироко“, иако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека последниот спор со Хамас го одложува израелското одобрување на договорот.

„Реализацијата на оваа можност ќе бара огромен напор, политичка храброст и подготвеност за компромис. Важно е да се осигураме дека достигнувањата во изминатите 15 месеци, кои беа постигнати со огромни и болни жртви, ќе се одржат“, рече Блинкен.

Додека тој го фалеше договорот, двајца новинари во просторијата го обвинија за соучесништво во израелското насилство врз палестинските цивили. Тоа се новинарот на Grayzone News, Макс Блументал и хонорарниот новинар Сем Хусеини, објави Анадолија.

Хусеини му викна на Блинкен: „Криминалец! Треба да си во Хаг. Зошто не си во Хаг?“  мислејќи на Меѓународниот кривичен суд. Блинкен побара од нив „да го почитуваат процесот“.

Персоналот на Стејт департментот го отстрани Блументал од просторијата, додека Хусеини мораше да биде спроведен од обезбедувањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK