Бразилски тинејџер го победи Рубљов во првата рунда на Австралија опен

Untitled-55.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го заврши учеството на Австралија опен во првото коло. Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека (112. на АТП листата) го победи Рубљов со 3:0 (7:6(1), 6:3, 7:6(5).


Од стартот искусниот Рус и тинејџерот од Бразил водеа голема борба. Немаше брејк во првиот сет, а во 13.игра, Фонсека го декласира Рубљов со 7:1 и го освои сетот. Борбата во првиот сет беше изедначена до крајот. Ниту еден од играчите не успеа да го избие сетот, па беше потребен тај-брејк.

Веднаш на стартот од вториот сет Бразилецот успеа со брејк да дојде до предност од 3:0, а потоа го одбрани својот сервис и поведе со 2:0.

Третиот решавачки сет исто така беше решен во тај-брејк. Бразилецот започна силно, дојде до водство од 4:0, но Рублев одговори и израмни (5:5). Фонсека тај-брејкот го доби со 7:5.

Бразилецот во второто коло на Австралија опен ќе се соочи со Италијанецот Лоренцо Сонего.

Фонсека стана вториот тинејџер од 1973 година кој победил Топ 10 играч во главниот ждреб на Грен слем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK