Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека шест лица се заглавени кај село Рајчани поради обилниот снег.
„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од општина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани, Доброволна спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите.