Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена Скопје изготви 334 записници во текот на минатата година

1-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во периодот јануари-декември 2024 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.


Како резултат на овие активности, од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број на записници-вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир. Во текот на минатата година, Еко-патролата реализираше и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените „црни точки“ – локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Најголем дел од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.

„Во општината Чаир, секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (Пластичарска улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до Зегин на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ „Васил Главинов“) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), додека во општината Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска“, велат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK