ВЛЕН со порака за заедништво и мир по повод Бадник и Божиќ

82771327_1066623197011154_4848101569817739264_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Коалицијата ВЛЕН упатува искрени честитки до сите верници од православна вероисповед по повод Бадник и Божиќните празници. Овие денови се симбол на заедништво, љубов и човечност – вредности кои ни се потребни повеќе од кога било, велат од ВЛЕН.


„Нека празничниот дух донесе радост, мир и благосостојба во секој дом, градејќи мостови на солидарност и разбирање меѓу сите заедници.

Овие празници се потсетник дека нашата земја е најсилна кога сите заедници живеат во хармонија и се поддржуваат едни со други.

ВЛЕН ќе продолжи да се залага за праведно и еднакво општество, во кое почитта кон различностите е нашата најголема сила“, се додава во соопштението на ВЛЕН.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK