(Видео) Торнадо остави пустош на југот на САД, има мртви

Screenshot-2024-12-30-082354.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку четири лица загинаа, а десетина се повредени во текот на викендот во торнадо во јужниот дел на САД, соопштија официјални лица.


Торнадото предизвика штета низ американските сојузни држави Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама и Џорџија, соопшти Националната метеоролошка служба, пренесе АП.

Во Мисисипи, околу 40.000 луѓе останаа без струја во неделата, а во Тексас, Алабама, Северна Каролина и Џорџија, по околу 10.000 потрошувачи немаа струја.

Стотици летови во јужниот дел на САД беа откажани или одложени поради невремето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK