(Видео) Запалена новогодишна елка во Сирија, веднаш избија протести

sirija-elka-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Сирија избувнаа протести поради палењето на новогодишна елка, што ги поттикна повиците до новите исламистички власти да преземат чекори за заштита на малцинствата, јавува Би-Би-Си.


Видеото објавено на социјалните мрежи покажува запалена елка на главниот плоштад во Ал-Сукајлабија, претежно христијански град во централна Сирија. Дрвото е опкружено со маскирани луѓе.

Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), главната исламистичка фракција што го предводеше бунтот против претседателот Башар ал-Асад, рече дека сторителите се казнети. Безбедносен извор во провинцијата Хама, на која и припаѓа Ал-Сукајлабија, изјави дека две лица го запалиле дрвото и дека едното од нив е уапсено. Претставниците на ХТС ветија дека ќе ги заштитат правата и слободите на верските и етничките малцинства во Сирија.

Демонстрантите излегоа на улиците

Инцидентот доведе до тоа демонстрантите да излезат на улиците во Дамаск и другите градови. Луѓето извикуваа слогани против секташкото насилство, кое има за цел да го дестабилизира општеството, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

„Сите скандираа, барајќи заштита на христијаните во Сирија“, рече Самер Елиас, кој вчеравечер се приклучи на протестот во Дамаск.

Граѓанската војна во Сирија избувна во 2011 година по продемократските протести против режимот на претседателот Башар ал Асад. Претходно овој месец, бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) почнаа брза офанзива во која остварија големи територијални придобивки и го зазедоа главниот град Дамаск.

„Имаме право да се плашиме“

Водачот на ХТС Ахмед ал Шара вети умереност и почитување на верските малцинства. Но, свештеникот Ендру Бахи во Дамаск изрази загриженост за тоа како ќе се постапува со христијаните во Сирија по соборувањето на Ал Асад.

„Имаме право да се плашиме. меѓу зборовите и делата“, рече Бахи.

„Изјавите на новото раководство во Дамаск се охрабрувачки и го истакнаа почитувањето на сите секти и религии, но некои акции и слогани се извор на загриженост за нас, а следните денови ќе го испитаат тоа“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK