Брнабиќ: Хрватска призна дека работи на смена на Вучиќ

Брнабиќ-Руските-служби-имаа-информации-дека-се-подготвуваат-немири-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска оцени дека изјавата на кандидатот за претседател на Хрватска, Ивана Кекин, дека „стратешки интерес на Хрватска е Вучиќ да не е на власт“, ​​имплицира дека работат на неговата замена.


Брнабиќ на мрежата Х напиша дека е интересно што во последната недела од кампањата за претседателските избори во Хрватска се занимаваат со тоа кој е претседател на Србија.

Како што нагласи  за Ивана Кекин, таа изјава е дефиниција на терминот „мешање во внатрешните работи на друга држава“ и праша дали некој може да замисли дека за време на претседателските избори во Србија ќе се зборува за тоа кој треба да биде претседател на Хрватска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK