Пред осум години не беше добар за нив сега му дадоа 81.000.000 долари

Untitled-3-23.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НБА франшизата Оклахома сити Тандер му го продолжи договорот на бекот Алекс Карузо.


Шампионот во НБА од 2020 година и двократниот член на најдобриот одбранбен тим во лигата доби четиригодишен договор вреден 81 милион долари.

На тој начин, Тандер го спречи Карузо, кој оваа сезона игра за 9,9 милиони долари, да стане слободен играч на лето.

Карузо има 30 години и пристигна во Тандер минатото лето во трејдот со Чикаго Булс, каде минатата сезона имаше просек од 10,1 поен.

Тој претходно помина четири сезони во Лос Анџелес Лејкерс, со кои ја освои титулата во 2020 година.

Со неговото доаѓање, Тандер ја заокружија една од најдобрите одбранбени крилни линии во лигата со Лу Дорт и Кејсон Валас, а со Шеј Гилџис-Александер, Чет Холмгрен и Џејлен Вилијамс имаат еден од најдобрите одбранбени тимови во лигата.

Инаку, Карузо својата НБА кариера ја започна токму во Оклахома сити Тандер во 2016 година, каде дојде не драфтуан играч, а по летниот тренинг камп заигра во развојната Џи лига за ОКЦ Блу.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK