(Видео) Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор

Untitled-3-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, доживеа тешка повреда, во текот на натпреварот меѓу Панатинаикос и Басконија, во Евролигата. Девет навивачи на Панатинаикос наводно доживеале срцев удар или се онесвестиле поради повредата на Матијас Лесор.


Лесор заработи тешка повреда против Басконија, а сите што видоа што се случи останаа рамнодушни.

Драмтично повредата на колеката ја доживеаја и неговите колеги на теренот. Неколкумина со солзи во очите го испратија во соблекуваната.

Имено, дури девет навивачи на зелените на трибините во тој момент се онесвестиле или доживеале срцев удар, поради што била потребна итна прва помош. Началникот открил дека нема доволно амбулантни возила за да ги однесе сите луѓе во болница.

Французинот заработи фрактура на потколеницата и ќе отсутвува околу четири месеци.

Ова значи дека Лесор потенцијално ќе може да биде со полна сила не само за Ф4, доколку ПАО избори пласман на Завршниот турнир, туку ќе може да биде подготвен и за почетокот на плејофот, кој започнува на 22 април.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK