Основачот на „Амазон“ и сопственик на „Вашингтон пост“, Џеф Безос, е еден од многуте милијардери кои во последните денови го посетија новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, објави денеска Би-би-си.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, Безос е виден како влегува во Мар-а-Лаго во средата навечер, на пат на вечера со новоизбраниот претседател.
Безос вети 1 милион долари во инаугуративниот фонд на Трамп и исто така има големи деловни интереси со американската влада преку неколку негови компании, вклучувајќи ги Amazon Web Services и Blue Origin, неговата компанија за истражување на вселената.