Mицкоски учествуваше на Самитот на Европската народна партија: „Македонија останува дел од стратешките разговори и партнерства“

470477635_1188606515954606_4290522542587116425_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде што се собраа истакнати лидери, претставници на партии и клучни носители на одлуки од цела Европа.


„Самитот беше платформа за размена на мислења и идеи за иднината на Европа, особено ме радува фактот што Македонија останува дел од овие стратешки разговори и партнерства. Нашето активно учество на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на нашата земја во европскиот контекст и за придонес кон заедничката визија за стабилна и просперитетна Европа“, истакна Мицкоски.

Разговорите и дебатите на Самитот, премиерот ги опиша како значајни за насочување на идните политики, а уште поважно, за градење мостови на соработка со европските партнери. Мицкоски дополнително изрази уверување дека ваквите средби се од голема важност за понатамошниот напредок на Македонија на нејзиниот европски пат.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK