Фатени двајца бегалци од затвор

zatvor-idrizovo-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица.


И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK