Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека децата именувани по чеченските херои ќе добијат награда од 500.000 рубли (4.599 евра).
„Дадов наредба до крајот на годината да се одреди датумот на оваа акција. Родителите на бебињата родени на тој ден, кои на своите деца ќе им дадат име во чест на чеченските херои, ќе добијат 500 илјади рубли“, напиша Кадиров.
Како што јави за РИА Новости прес-службата на шефот на владата на Чеченија, Кадиров и наредил на регионалната влада да го одреди точниот датум на кој децата родени на тој ден ќе добијат парична награда.
Познато е дека акцијата ќе трае до крајот на оваа година, односно до крајот на декември.