Низ социјалните мрежи се прошири видео на пејачката Сенида од неодамнешниот концерт во Сплит. Додека таа пееше, на бината се појави член на организацијата, со кој се судри и падна на подот.
Сенида првично го објави видеото на Инстаграм.
@senidah.memories Kraljica ♥️ #senidah #fyp ♬ original sound – senidah
„Следниот пат кога некој ваков ќе истрча на мојата сцена среде концерт, ќе одлета. Среќа што бев многу расположена поради овие луѓе напред“, напиша 39-годишната пејачка покрај снимката.
По падот таа веднаш продолжи да пее.