Уапсени две лица, сред бел ден се обиделе да ограбат банка во Чаир

policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник, двајцата од Скопје.


Тие се сомничат дека околу 13.00 часот во филијала на една банка на подрачјето на Чаир се обиделе за извршат разбојништво, при што од огнено оружје испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото, но не повредиле никој. Веднаш потоа, во близина на местото бил затекнат А.А., а по преземени мерки бил пронајден и малолетникот и кај него бил пронајден нож.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK