Лукман фудбалер на година во Африка

1c737a00-188d-11ef-a164-a14a3a41503c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нигериецот Адемола Лукман (27) е избран за најдобар африкански фудбалер во 2024 година. Напаѓачот на Аталанта ја доби наградата на церемонијата која Африканската фудбалска конфедерација ја организираше во Маракеш.


Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата на Аталанта над Баер Леверкузен (3:0) во финалето на Лига Европа, за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола. Во тековната сезона има 11 гола.

Меѓу финалистите за наградата за африкански фудбалер на годината беа: Мароканецот Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Серху Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).

Лукман е роден во Лондон, неговите родители се од Нигерија. Тој играше за Чарлтон, Евертон, Лајпциг, Фулам и Лестер Сити пред да потпише за Аталанта во 2022 година.

Минатогодишниот добитник на наградата за најдобар африкански играч беше неговиот сонародник Нигериецот Виктор Осимхен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK